75 милиони вакцини од Фајзер во вториот квартал од годината

Илустрација - Вакцината на Фајзер против ковид-19

Фајзер и германскиот партнер БиоНТех ќе испорачаат 75 милиони дополнителни дози од нивната вакцина против ковид-19 во вториот квартал од годината, рече денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, повторувајќи ги информациите што ги кажа претходно овој месец.

“Бионтек и Фајзер ќе испорача 75 милиони дополнителни дози во вториот квартал од годината - и до 600 милиони вкупно во 2021 година“, напиша фон дер Лајен на Твитер.

Дополнителните дози се дел од договорот што Европската унија (ЕУ) го објави на 8 јануари и со кој на ЕУ ќе ѝ се даде речиси половина од глобалното производство на фирмите за 2021 година.

Фајзер соопшти дека оваа година може да произведе до 1,3 милијарди дози ширум светот. Од компанијата велат дека 500 милиони дози ќе ѝ бидат достапни на ЕУ до крајот на оваа година и може да се искористи опција за уште 100 милиони. На секој примател на вакцината Фајзер му се потребни две дози за да се развие максимална заштита.