Продолжува трендот на опаѓање на бројот на нови случаи на коронавирус во САД, обезбедувајќи одреден степен на надеж. Просечниот дневен број на случаи во САД се намали за околу една третина во последните две недели на 145.000, додека 95.013 луѓе се лекуваат во болница. Во јануари тој број беше 130.000. Јануари беше најсмртоносниот месец од пандемијата во Соединетите Држави, со повеќе од 95.000 лица кои го загубија животот.
Во САД за прв пат откриен новиот вид корононавирус од Јужна Африка
Соединетите Држави брзаат да ја вакцинираат својата популација бидејќи повеќе нови соеви на вируси предизвикуваат загриженост во врска со траекторијата на пандемијата. Во текот на изминатата недела, повеќе од милион луѓе примале вакцина дневно во земјата со околу 330 милиони жители. Повеќе од 25 милиони луѓе примиле или една или и двете дози на вакцини.