Андреј Афанасјев, допосник за рускиот сервис на Радио Слободна Европа, е приведен додека патувал да известува од антивладините протести во рускиот град Благовешченск, во Далечниот Исток.
Новинарот денеска бил запрен од сообраќајната полиција, пред одржувањето на протестите на национално ниво против затворањето на познатиот активист и критичар на Кремљ, Алексеј Навални.
Афанасјев, кој поседувал прес-легитимација и доказ дека бил на работна задача, бил однесен во локалната полициска станица.
На 24 јануари, кога беа уапсени околу 4.000 луѓе поради учество на антивладините протести низ земјата, Афанасјев беше накратко приведен, а членовите на неговото семејство беа испрашувани за неговите активности.
Во пресрет на протестите во 142 градови во Русија планирани за 31 јануари, полицијата пристапи до неколку новинари дописници за РСЕ.
Независното тело за мониторинг ОВД-Инфо на 31 јануари објави дека повеќе новинари низ целата земја биле приведени пред денот на протестите.