Протерани осум српски државјани од Црна Гора

Илустрација - припадник на црногорската полиција.

Осум државјани на Србија кои пријавиле дека престојуваат туристички, но немале дозвола за привремен престој и за работа, ќе мора да ја напуштат територијата на Црна Гора до 1 февруари, со што изречена им е забрана за влез во земјата до 1 мај 2021 година, соппшти полицијата во Црна Гора.

Според соопштението, во рамки на акцијата „Странец“, припадниците на Центарот за безбедност Никшиќ, направиле контрола на престојот на лицата во апартманите „Крсмановиќ“ во Никшиќ, каде се пронајдени неколку државјани на Србија. Полицијата ги наведе нивните иницијали и возраста.

За време на контролата е утврдено дека лицата, како вршители на работа поседувале договори на дело (рботен ангажман) со политичката партија Нова српска демократија (НСД). Партијата чии претседател е Андреја Мандиќ, е дел од Демократскиот Фронт и е најсилна членка на владејачката коалиција од изборот на крајот на август минатата година, кога после три децении беше променета власта во Црна Гора.

Договорите се однесувале на услуги за унапредување на организацијата на партијата во однос на електронска обработка на базата на членството, врз основа на примена на нови технолошки решенија порди ефикасно функционирање.

Во Никшиќ на 14 март се закажани локални избори.

Откако било утврдено дека лицата имаат пријавено туристички престој, но не и дозволи за привремен престој и работа, како ниту потврди за пријава на работа, престојот им е запрен со одредување на рок кога треба да ја напуштат Црна Гора.

Неколку часови претходно, Нова српска демократија најави дека ќе поднесе кривични пријави против началникот на Центарот за безбедност на Никшиќ и актуелен претседател на општината Милутин Симовиќ од Демократската партија на социјалистите, која е во опозиција на државно ниво.