Русија изгубила 510.000 жители за една година

Руското население се намали за повеќе од 510.000 лица за една година

Руското население се намали за повеќе од 510.000 лица за една година, најголем пад во последните 15 години, соопшти бирото за статистика на Росстат. Русија имала 146 милиони и 238.185 жители на 1 јануари годинава, се вели во соопштението, додавајќи дека една година порано, Русија има 146 милиони и 748.643. Како и многу други земји, Русија трпи речиси траен демографски пад од распадот на Советскиот сојуз во 1991 година.

Русија започна масовна кампања за вакцинација против коронавирусот


Феноменот може да се објасни и со ниската стапка на наталитет, очекуваниот животен век од околу 72 години, нееднаквиот систем на здравствена заштита и брановите на заминување од земјата. Сепак, во 2014 година, Русија имаше зголемено население од повеќе од 2,5 милиони луѓе по анексијата на украинскиот црноморски полуостров Крим.