Европската комисија денеска ќе го детализира механизмот за да бара известување и овластување за извоз на вакцини против ковид-19 од ЕУ, откако производителите на лекови ја намалија закажаната испорака на дози во 27-те земји членки. ЕУ, која нарача колективно вакцини, во минатата недела дозна дека АстраЗенека ќе ги намали испораките на својата вакцина, предвидена да биде одобрена оваа недела, за околу 60% поради проблеми со производството. Исто така, има недостиг во снабдувањето со вакцината на Фајзер.
Комисијата, која ги координираше нарачките, во вторникот соопшти дека ќе предложи од фармацевтските фирми да се бара да го регистрираат својот извоз на вакцини, инсистирајќи дека ова е само за да се зголеми транспарентноста. Вчера, ЕК рече дека она што го предлага ќе вклучува и транспарентност и овластување.
ЕК: Компаниите да ги исполнат обврските за вакцините
Во март, во екот на првиот бран на ковид-19, Европската унија побара од извозниците на заштитна опрема, како што се маски, да обезбедат овластување од земјата на ЕУ, каде што се наоѓаат. Мерките траеја два месеци до средината на мај, иако опсегот на производи беше намален во април. Во случај на маски, апликациите за околу една четвртина од целиот извоз беа одбиени.