Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи средба на државниот врв и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски со градоначалниците и секретарите на советите за спроведување на Законот за попис. Претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев ќе имаат официјални обраќања, а ќе зборува и директорот Симовски.
Брнз: Законот за попис е важен чекор
Претставниците од Државниот завод за статистика ќе ги информираат претставниците на локалните самоуправа за нивните должности кои произлегуваат од Законот за попис. Ќе има и сесија за поставување прашања. Според Законот, претседатели на пописните комисии во 50 региони ќе бидат секретарите на општините.