ЕУ ќе ја почека одлуката на Судот за Навални пред да воведе санкции кон Русија

Жестоки судири со полицијата на демонстратите кои изразија поддршка на притворениот критичар на Кремљ Алексеј Навални

Европската унија ќе почека да види дали Русија ќе го ослободи критичарот на Кремљ Алексеј Навални, пред да донесе одлука за воведување на нови санкции поради бруталната полициска акција во текот на викендот кога илјадници Руси беа приведени за време на протестите за поддршка на притворот за Навални.


Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас по состанокот со неговите колеги од ЕУ изјави дека се земјите членки се договориле да ја почекаат одлуката на судот, дали Навални ќе биде ослободен по доделениот 30 дневен притвор.


„Ова не е готово“ изјави Мас.

Приведени илјадници лица на протестите за ослободување на Навални


Навални беше приведен минатата недела веднаш по пристигнувањето на аеродромот во Русија од Германија, каде што се опоравуваше од труењето со нервен гас. Навални го обвинува рускиот претседател Владимир Путин дека го нарачал неговото труење. Се очекува Московскиот суд во почетокот на февруари да донесе одлука дали ќе го условната казна ќе му ја замени за затворска, за случај за кој Навални тврди дека е политички монтиран процес.


Еврокомесарот за надворешна политика Јосеп Борел изјави дека следната недела ќе ја посети Москва со барање за ослободување на Навални и демонстрантите. Тој најави дека на планираниот самит во март една од темите за дискусии ќе биде и понатамошната акција на ЕУ кон Русија.