Тренер по џудо доби 30 дена притвор поради силување деца

Илустрација

Притвор од 30 дена доби прилепскиот тренер по џудо, откако јавното обвинителство го обвини за силување односно полови дејствија врз деца. Основното јавно обвинителство-Прилеп поведе постапка против 46 годишен маж поради основано сомнение дека злоставувал деца. Во соопштението на обвинителството е наведено дека осомничениит е тренер по џудо и од април до ноември извршил кривично дело обљуба со злоупотреба на положбата.

„Осомничениот како тренер по џудо, од април до ноември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување“ се вели во соопштението.

Во него е наведено дека против осомничениот надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп.