Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека европската идеја претставува инспирација за решавање на горливите отворени прашања во регионот, а Македонија е светол пример.
„Не постои силна Европа без силен Балкан, успешен Балкан е Балканот интегриран во ЕУ. Стабилизацијата на ЕУ може и мора да се направи заедно со европската стабилизација на Балканот“, вели Османи во интервју за грчкиот весник „То вима".
- Постигнат напредок на средбата на македонско-бугарската Комисија за историски прашања
- Гир: Нема план Б за влегувањето на Македонија во ЕУ
Тој потенцира дека, сепак пристапните разговори со ЕУ не би требало да се претворат во преговори со Бугарија и додава дека разговорите со Софија продолжуваат за надминување на разликите.
„Градиме пријателства, тоа е нашата автентична карактеристика. Но, никогаш немаме посегнато по работи што не се наши. Ние сме светол пример за добрососедски односи. Немаме создадено проблеми и никогаш не бевме проблемот. Носиме решенија. Ова е менталитетот на победа. Разговорите со Бугарија се континуирани и ќе продолжиме за да најдеме начин да ги надминеме разликите, но пристапните разговори не би требало да се претворат во преговори со Бугарија“, посочува Османи.