Претседателот Стево Пендаровски се консултира со правни експерти за Законот за попис, кој на 21 јануари беше усвоен во Собранието.
„Претседателот Пендаровски врши консултации со правни експерти за донесениот Закон за пописот и во наредните неколку денови ќе го соопшти својот став“, велат од кабинетот на Пендаровски за МИА.
Пендаровски согласно законот, во рок од седум дена од денот кога му е доставен, треба да го потпише указот за прогласување на законот или писмено го известува претседателот на Собранието доколку одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот.
- Законот за попис донесен, за ВМРО-ДПМНЕ нема да биде реален
- Мицкоски - Секој граѓанин има право да избере дали ќе се попише
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на усвојувањето на законот, бидејќи партијата смета дека пописот кој треба да се одржи од 1 до 21 април е политизиран. Од опозициската партија го повикаа Пендаровски пред да донесе одлука дали ќе го потпише указот за Законот за попис да се консултира со експерти.