Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски, во наредните неколку дена ќе остварат дипломатски посети и средби со повеќе политичари од регионот и Европа од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ од семејството на Европската Народна Партија. Од партијата соопштија дека во нивната агенда се и средби со претседателот на Фидес и премиер на Унгарија Виктор Орбан, како и со премиерот на Република Словенија и претседател на Словенечката Демократска Партија Јанез Јанша.
Мицкоски на средба со Орбан: Барам датум за преговори со ЕУ
Од партијата велат дека средбата со Јанша е особено значајна за европските интеграции ако се знае дека Словенија е идната земја која ќе го преземе претседавањето со ЕУ. Од таму додаваат дека средбите ќе бидат искористени за активно лобирање за државните интереси на Македонија пред се одблокирање на патот кон Европската Унија кој е блокиран со бугарското вето, како и застојот кој го има земјава во однос на реформите.