Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, е ставен на руската федерална листа за потраги за наводно кршење на условната затворска казна и може да биде уапсен по неговото планирано пристигнување викендов од Германија, каде што беше пренесен со хеликоптер за лекување по труењето со нервниот агенс од советско време „новичок“.
Адвокатот на Навални, Вадим Кобзев, денеска изјави дека руската Федерална казнено-поправна служба (ФСИН) го обвини својот Навални за кршење на условната казна што му беше изречена во 2014 година, под обвинение за проневера, која Навални јо оцени како политички мотивирана. Казната му заврши на 30 декември. Ден претходно, Навални рече дека планира да се врати во Русија на 17 јануари и покрај тоа што добил известување дека ФСИН побарал од судот да ја преиначи условната казна затвор во затворска казна, можеби дури на три ипол години.
На Навални му се слошило на летот од рускиот град Томск кон Москва на 20 август и бил лекуван и ставен во индуцирана кома во сибирската болница пред да биде префрлен во клиника во Берлин, Германија. Лабораториските тестови во три независни европски земји, утврдија дека Навални е затруен со отров од нервен агенс од руско производство Новичок. Тие наоди ја наведоа Европската унија да воведе санкции против шест руски официјални лица и еден државен институт за истражување. Руските власти тврдат дека во телото на Навални не било пронајдено трага од отров пред тој да биде пренесен во Германија и одбија да отворат кривична истрага за инцидентот. Навални директно го обвини претседателот Владимир Путин за неговото труење.