Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ денеска соопшти дека нема да го потпише разрешувањето на началникот на Генералштабот на Армијата на Црна Гора, генерал-мајор Драгутин Дакиќ и разрешувањето и престанокот на службата на генерал-мајор Рајко Пешиќ. Наместо тоа, вели тој, ќе свика седница на Советот за одбрана и безбедност и веќе го овластил секретарот да го усогласи датумот на нејзиното одржување.
Во соопштението се потсетува дека Одлуката за назначување и разрешување на началник на Генералштабот е во исклучителна надлежност на Советот за одбрана и безбедност, кој одлуките ги донесува со консензус.
Сепак, како што наведува тој, до сега Советот за одбрана и безбедност никогаш не донел одлука за избор и разрешување на началник на Генералштабот без претходна седница на Советот.