Заев: Извештајот на УНЕСКО е силен аларм за Охридскиот регион

Нацрт извештајот на УНЕСКО е силен аларм за состојбата во Охридскиот регион, потребно е највисоко ниво на ангажираност за отстранување на сите ризици кои го загрозуваат Охридското Езеро. Ова е посочено на координативниот состанок на премиерот Зоран Заев неколку министри се вели во владиното соопштение. Во него се посочува дека Владата ќе инсистира на завршување на процесот на отстранување на сите бесправно изградени објекти кои се опасност за Охридскиот регион и за таа цел ќе се организираат иницијативи со градоначалниците на Охрид, Струга и Дебарца, за секоја институција итно да ги преземе сопствените одговорности, како и да се спроведе поништување на сите аспекти од штетните проекти кои се наследство од минатото како што се, на пример, проектите на Субрата Рој и Владата до 2016 година, Љубаништа 1 и 2.

На состанокот беше нагласено дека Владата ќе преземе сѐ што е во нејзина надлежност, меѓу што и активности за координација со Владата на Албанија за прашања од заеднички интерес за заштита на Охридското Езеро и крајбрежниот појас.