Погрешна е претставата дека нешто ќе се смени по изборите кај нас. Ако нешто се смени, тоа нешто ќе биде полошо за нив.
Ова го изјавила шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, при гостување на бугарската национална телевизија БТВ, на прашањето да ги коментира „тврдењата дека во Македонија се чекаат бугарските избори за да се решат проблемите со преговорите за членство во Европската унија (ЕУ).
Бугарија лани во декември стави вето на преговарачката рамка на Македонија и ЕУ, со образложение дека Скопје не ги исполнува условите од Договорот за добрососедство.
Во интервју за софискиот весник „Труд“, пак, Захариева вели дека емоциите мора да се смират, и во Скопје и во Софија, и да се најде решение“.