Предлог- законот за попис на седница на Собранието

Собрание на Република Северна Македонија

Собранието на Република Северна Македонија денеска во рамките на продолжението на 29-та седница се очекува да расправа за Предлог-законот за попис.

Планирано е пописот да се спроведе во првите три недели од април годинава, по речиси 19 години од последниот, кој беше реализиран во 2002 година. Пописот во 2011 година беше прекинат неколку дена по почнувањето.

Владата останува на ставот дека пописот ќе се спроведе напролет, додека опозицијата бара да се користи отпечаток од прст, како и целата операција да се одложи за една година.

Од Државниот завод за статистика, кој ќе биде главниот носител на оваа статистичка операција, најавуваат дека пописот ќе биде спроведен согласно со стандардите на Обединетите нации и Евростат.