Трамп: Напорите за отповикување се "лов на вештерки"

Претседателот на САД, Доналд Трамп, зборува за медиумите пред да замине од Вашингтон на во посета на границата меѓу САД и Мексико, во Тексас. 12 јануари 2021 година.

Претседателот во заминување Доналд Трамп негираше каква било одговорност за насилството што се случи во зградата на Капитол Хил во САД минатата недела и ги нарече напорите за негов импичмент „лов на вештерки“.

Трамп го кажа ова денеска непосредно пред Претставничкиот дом да гласа за резолуцијата донесена од демократите со која со која се повикува на отповикување на претседателот во заминување, заради неговата улога во минатонеделното насилство во Капитол Хил на 6. јануари.

Трамп рече дека рече дека потезите за негово отповикување „предизвикуваат огромна опасност за земјата и предизвикуваат огромен гнев“, но додаде дека „не сака насилство“.

Демократите во Претставничкиот дом формално, на 11 јануари, претставија резолуција со која се повикува на отповикување на претседателот во заминување.

Трамп официјално треба да го заврши својот мандат на 20 јануари, кога е закажана инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Можни „вооружени протести“ пред инаугурацијата на Бајден

Во своето обраќање на 6 јануари, Трамп ги повика приврзаниците да маршираат кон Капитол Хил и им рече дека „никогаш нема да ја вратите нашата земја со слабост“.

Пет лица, меѓу кои и еден полицаец во Капитол, беа убиени како резултат на насилството што се случи по неговиот говор.

Трамп се најде под критика затоа што не ги повика брзо своите приврзаници да ја прекинат опсадата и се соочува со обвинение за „поттикнување востание“ во резолуцијата за импичмент за која Конгресот треба да започне да расправа на 13 јануари.