Финансиската поддршка за граѓаните од 100 евра продолжена до 31 март

Граѓани со маски во продавница во Скопје поради коронавирусот

Владата го продолжи рокот за искористување на средствата за финансиска поддршка за граѓаните за ублажување на последиците од ковид-кризата до 31 март.

Одлуката е донесена денеска на 38-та владина седница.

"Со ова продолжување на рокот за финансиска поддршка од 6.000 денари, околу 22.000 граѓани на кои им следува оваа финансиска поддршка, а кои не ги ажурираа своите податоци во банките, како и 2.132 граѓани на кои им се уважија приговорите, ќе можат да ја искористат оваа финансиска поддршка како една од КОВИД-19 мерките за ублажување на последиците од пандемијата, се вели во соопштението од Владата.

Граѓаните ќе мора да „купуваат домашно“ набрзина

Оваа поддршка од околу 6 000 денари досега не можеа да ја искористат околу 22 000 граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, а кои не ги ажурираа своите податоци во банките, како и 2 132 граѓани на кои им се уважија приговорите.