Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, го информираше македонскиот премиер Зоран Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, соопшти прес-службата на македонската Влада.
Според Владата, со тоа повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји.
Премиерот Заев и неговата српска колешка Брнабиќ ова го договориле во денешниот телефонски разговор, информираа од Владата.