Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 31. Седница, на која ќе избира претседател и членови на Државната изборна комисија (ДИК).
Претседателот на Парламентот Талат Џафери синоќа закажа нова пленарна седница, откако вчера Комисијата за прашања на изборите и именувањата ја утврди листата на кандидати за членови на ДИК. Џафери потоа оваа листа со имињата на 14 -те пријавени кандидати ја достави до партиите кои треба да се изјаснат кого ќе поддржат.
Досега само ВМРО-ДПМНЕ ја потврди поддршката за Александар Даштевски за претседател на ДИК, а другите имиња официјално не се соопштуваат.
Мандатот на актуелниот состав на ДИК завршува на 15 јануари.