Захариева-Бучковски: Предложен акционен план за спроведување на Договорот

Поранешниот премиер и актуелен специјалнен пратеник на македонската влада во Бугарија, Владо Бучковски.

Бугарската вицепремиерка Екатерина Захариева го прими специјалниот пратеник на македонската влада Владо Бучковски, кој е во работна посета на Бугарија, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за надворешни работи, пренсува новинската агенција БГНЕС.

Според соопштението, за време на состанокот биле разменети идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји.

„Република Бугарија предложи акционен план за соработка со Република Северна Македонија во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка“, се вели во соопштението во кое се додава дека документот се однесува на сите секторски министерства и се очекува да биде потпишан на претстојниот состанок на заедничката меѓувладина комисија, согласно Член 12 од Договорот.

Во соопштението исто така се вели дека на состанокот бил направен преглед на спроведувањето на голем број практични обврски, на кои бугарската страна констатирала задоцнување.