Демократите од Претставничкиот дом на САД денеска ја започнаа постапката за импичмент на претседателот Доналд Трамп по втор пат, доколку потпретседателот Мајк Пенс и кабинетот не го отстранат од функцијата.
Демократите ја претставија резолуцијата со која се повикува Пенс да се повика на 25-от Амандман од Уставот и да го отстрани Трамп од Белата куќа.
Републиканците блокираа веднаш да се гласа за резолуцијата, а демократите се надоврзаа на претставување на член за импичмент на Трамп за „поттикнување на востание“ за неговата улога во бунтот во американскиот Капитол на 6 јануари во Вашингтон од страна поддржувачи на Трамп.
Резолуцијата укажа на фактот дека Трамп се обратил на митинг кратко пред неговите поддржувачи да го започнат нападот и се вели дека тој дали изјави со кои ги „охрабрил“ и предвидувачки резултирале со незаконските дејства во Капитол.
Пенс не даде индикации дека е подготвен да се повика на 25-от Амандман.