Во Албанија денеска почнува вакцинацијата против коронавирусот, соопшти премиерот Еди Рама.
„Добри вести. Почнува вакцинацијата против Ковид-19“, напиша Рама на својот фејсбук-профил.
Деталите за процесот на вакцинација се уште не се познати. Инаку, Владата во Тирана обезбеди 500.000 дози од вакцината која ја произведоа компаниите Фајзер и БиоНТек.
Рама на 1 јануари, врз основа на планот за вакцинација, изјави дека првите 10.750 дози од вакцината ќе пристигнат во Албанија во третата недела од месецов, а уште 30.250 дози во февруари.
Пред неколку дена, заедно со министерката за здравство Огерта Манастирлиу, тој го посети стадионот „Ер Албанија“, кој ќе служи како прв центар за вакцинација.