Специјалниот претставник за Бугарија, Владо Бучковски во наредниот период често ќе патува на релација Скопје-Софија, соопштува Министерството за надворешни работи (МНР).
Во соопштението на МНР се наведува дека министерот за надворешни работи Бујар Османи оваа недела комуницирал со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева и се договориле претстојните денови да се разменат предлози од двете страни за Акцискиот план. Бучковски има улога да го следи Акцискиот план и да поттикнува соработка на линиските министерства, стои во соопштението, па затоа тој редовно ќе патува за Бугарија.