Гани сака позитивен мир со Талибанците

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани изјави дека целта му е да ја предаде власта на избран наследник. Тој сака и позитивен мир со талибанците. Говорејќи заедно со првата дама Рула Гани во интервју за Си-Ен-Ен на 8 јануари, авганистанскиот претседател се осврна на почетокот на втората рунда мировни разговори меѓу владата и талибанците.

Тој призна дека процесот со кој треба да се стави крај на скоро две децениска војна е бавен. Денеска во Катар продолжуваат преговорите.

Гани претходно оваа недела ги отфрли предлозите за воспоставување привремена влада, која треба да помогне во формирањето на влада во согласност со идниот мировен договор.

Авганистанскиот претседател вели дека целта му е да може да ја предаде власта на избран наследник со волјата на народот.

По пауза од 20 дена, авганистанскиот преговарачки тим се врати во катарскиот главен град Доха на вториот круг мировни разговори што започнаа во септември.