Дирекцијата за технолошко развојни зони – ТИРЗ во 2020 година исплати над 10,6 милиони евра на 29 компании за реализација на нивните инвестиции во зоните. Ова е 94,4 отстотна реализација на предвидената државна помош за изминатата година исплатена кон странските инвеститори во земјава.
Како што информираат од Дирекцијата на ТИРЗ, дополнително е одобрена и предвремена исплата на обврски кон две компании, Костал и Гентерм кои предвреме ги постигнале планираните инвестиции и планирани таргети за вработување.
ТИРЗ има реализација од 96 отсто од планираниот буџет за изминатата година. Во делот на капиталните инвестиции има 100 процентна реализација.