Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) со Предлог-законот за Комунален отпад, што е во крајна фаза на усвојување, ќе биде одговорна и за определување на цените на комуналниот отпад, така што годинава ќе се зголемат нејзините ингеренции во делот на водни услуги, најави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
„Дополнително ние се уште се залагаме РКЕ во целост да ја преземе ингеренцијата и за определување на цените на водните услуги, бидејќи досега определуваме само минимална и максимална цена, а потоа советите на општините ги носат крајните цени во тие рамки. Бараме РКЕ да ги носи крајните цени за водните услуги“, потенцира Бислимоски во интервју за МИА.
Бислимоски - Не се очекува поскапување на струјата
Во делот на водните услуги, додаде, РКЕ веќе ги определи минималната и максималната цена за водните услуги и 95 отсто од јавните комунални претпријатија се движат во рамките на цените, односно минималната цена е нешто пониска од постојната, а максималната нешто повисока.