Вакцината на Фајзер ефикасна и против британската мутација на коронавирусот

Илустрација: Вакцина против коронавирус

Вакцината против коронавирус на Фајзер/БиоНТек е ефикасна и против британската и јужноафриканска мутација на вирусот, соопшти денеска лабораторијата БиоНТек.

„Антителата кај лицата која ја примиле вакцината Фајзер/БиоНТек ефикасно го неутрализираат вирусот со клучната мутација која се наоѓа во високопреносливите соеви“ идентификувани во Велика Британија и во Јужна Африка, се наведува во соопштението на лабораторијата.

Едно од ограничувањата на таа кратка студија, како што истакнуваат нејзините автори, е што не ги покрива сите мутации присутни во овие варијанти на вирусот.

Во Велика Британија беше откриена нова мутација на вирусот, според кога тој се шири 70 отсто побрзо од претходно.