Трамп го осуди насилството во Конгресот и призна дека Бајден ќе биде следниот претседател

Претседателот на САД Доналд Трамп

Претседателот на САД Доналд Трамп, соочувајќи се со закана од втор импичмент и барања за итно отстранување од функцијата, на 7 јануари со помирлив тон го осуди насилството што се случи во американскиот Капитол и вети дека ќе обезбеди непречена транзиција кон администрацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден. По повеќе од два месеца одбивање да ја прифати победата на Бајден и најави дека никогаш нема да го признае поразот, Трамп сега вели дека Конгресот ги потврди резултатите од гласањето на Изборниот колеџ, „новата администрација ќе биде инаугурирана на 20 јануари“, а неговиот „фокус сега се сврти кон обезбедување непречена, уредена и беспрекорна транзиција на моќта “. Тој рече дека е време да се „продолжи бизнисот во Америка“ и е момент „да повика на заздравување и помирување“.

Фејсбук забранет за Трамп на неопределено време

Трамп се осврна и врз насилството што се случи во Капитол, нарекувајќи го „грозоморен напад“ што го осквернува седиштето на американската демократија и наведе дека тоа го остава „навреден“ Изјавата беше силен пресврт за Трамп, кој предизвика остра поделба и посеа недоверба во изборниот процес, инсистирајќи на тоа дека победил на изборите на 3 ноември и дека имало широко распространета измама на гласачите и покрај тоа што нема докази. Трамп во видеото им вели на приврзаниците дека знае дека се „разочарани“ и навестува дека има намера да продолжи во политиката. „Служењето како ваш претседател беше чест на мојот живот", рече Трамп. „И на сите мои прекрасни поддржувачи, знам дека сте разочарани, но исто така сакам да знаете дека нашето неверојатно патување штотуку започнува“.