Долниот дом на германскиот парламент - Бундестагот, во кој активистите против носење маска се обидоа да влезат кон крајот на август, сака да ја зајакне својата безбедност по инцидентот во американскиот Конгрес. Претседателот на Бундестагот, Волфганг Шојбле изјави дека сака да разговара за безбедноста на парламентот, со службениците за безбедност на парламентарните групи и со градските власти на Берлин и Министерството за внатрешни работи.
Насилни протести во Конгресот на САД
Во Вашингтон, поддржувачи на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп упаднаа на Конгресот, при што четири лица починаа, а внатрешноста на зградата беше делумно оштетена. Бундестагот, лоциран во срцето на Берлин, во близина на Бранденбуршката порта, беше сцена на обид за упад на противници на епидемиолошки мерки на 29 август минатата година, но полицијата успеа да ги спречи.