Помпео: Америка не е банана република

Државниот секретар на САД Мајк Помпео

Државниот секретар на САД Мајк Помпео им се спротивстави на „многу истакнати лица“ кои ги споредија Соединетите држави со „банана република“ во нивните реакции на упадот во американскиот Капитол на 6 јануари. Некои коментатори, новинари и американски политичари, вклучувајќи го и поранешниот претседател Џорџ Буш, го користеа овој израз во своите реакции на нападот на толпата во Капитол од страна на приврзаниците на претседателот Доналд Трамп. „Клеветата открива погрешно разбирање за банана републиките и демократијата во Америка“, напиша Помпео на Твитер. „Во банана република, насилството од толпа го одредува извршувањето на власта. Во Соединетите држави, службениците за спроведување на законот се справуваат со насилството на толпата, така што претставниците на народот можат да владеат во согласност со владеењето на правото и уставната влада", вели Помпео.

Четири жртви во немирите пред Конгресот на САД

Бунтовниците ја прекинаа седницата на Конгресот за потврда на победата на Џо Бајден на претседателските избори на 3 ноември, но Помпео истакна дека спроведувањето на законот ја покажува „силата на американските политички институции и претставува победа за владеењето на правото и уставната влада во Америка “.