Избраниот американски претседател Џо Бајден го обвини шефот на државата во заминување Доналд Трамп за насилството од страна на неговите приврзаници во Вашингтон и низ целата земја, во кое беа убиени четири лица. Бајден рече дека потезите на Трамп да ги урне демократските институции на Соединетите држави во текот на целиот мандат директно доведоа до насилството.
„Во претходните четири години, имавме претседател кој изрази презир кон нашата демократија, нашиот поредок. Од самиот почеток, тој охрабруваше тотален напад врз институциите на нашата демократија“, рече Бајден.
Трамп ветува уредна транзиција на власта
Поддржувачите на Трамп кои упаднаа во Конгресот на САД за време на сесијата што подоцна ја потврди победата на Бајден на претседателските избори, идниот шеф на Белата куќа ги нарече „домашни терористи“ и предупреди дека тие не треба да се нарекуваат демонстранти. „Не се осмелувајте да ги нарекувате демонстранти. Тие беа бунтовничка банда, бунтовници, домашни терористи“, рече Бајден.