СЗО: Земјите од Западен Балкан ќе добијат вакцини рамномерно

Вакцина за ковид-19. Илустрација.

Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге денеска порача дека земјите од Западен Балкан ќе добијат вакцини рамномерно.

„Политиката на СЗО е таква што гледаме вакцините да се дистрибуираат рамномерно и праведно насекаде, така што сите земји од Западен Балкан ќе ја добијат вакцината, како и Србија“, рече Клуге на редовната прес-конференција за коронавирусот.

Во Србија вакцинацијата почна на 24 декември, а први се вакцинираа премиеката Ана Брнабиќ, министерката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и епидемиологот Предраг Кон, кои ја примија вакцината на „Фајзер“.