Пендаровски изрази солидарност со американските граѓани

Претседателот Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска изрази сочуство и солидарност со американските граѓани по синоќешните настани во Вашингтон.

„Насилството не може да биде изговор за поткопување на демократијата. Однесувањето на поединци нема да ја сруши довербата во институциите. Сочувство и солидарност со американските граѓани“, напиша Пендаровски на Твитер.

Приврзаници на актуелниот американски претседател Доналд Трамп вчера упаднаа во Конгресот додека се вршеше пребројување на гласовите од изборите на 3 ноември, минатата година, а во нередите загинаа 4 лица.

Видео од случувањата во Капитол Хил, 6 јануари 2021