Пребројувањето на гласовите на Изборниот колеџ на заедничка седница со Конгресот на САД го потврди демократот Џо Бајден за официјален победник на претседателските избори, кои се одржаа на 3 ноември минатата година над актуелниот претседател Доналд Трамп.
Верификувањето на гласањето на Изборниот колеџ е последниот официјален чекор во изборниот процес, а новоизбраниот претседател Бајден и за новоизбраниот потпретседател Камала Харис ќе бидат инаугурирани на 20 јануари. Бајден заврши со 306 гласа на Изборниот колеџ, наспроти 232 гласа за Трамп.
Приврзаници на Трамп претходно упаднаа во зградата на Конгресот, при што 4 лица го загубија животот за време на нередите.