Зградата на Капитол во Вашингтон е прогласена за „безбедна“ од страна на официјалните лица по скоро четири часа откако насилните приврзаници на актуелниот претседател Доналд Трамп ја прекинаа седницата за броење на гласовите на Изборниот колеџ, пренесуваат Си-Ен-Ен и Асошиејтед Прес.
Демонстрантите ги урнаа металните барикади кои се наоѓаа на крајот од Кпитол Хил, каде заседаваше Конгрсот кој требаше да ги потврди изборните резултати и победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.
Демонстрантите насилно влегоа во зградата на Конгресот, тие стигнаа и до просториите на Сенатот, а една жена во просториите на Капитол беше застрелана, по што таа починала, според известувањата на повеќе медиуми. Таа за време на насилствата на 6 јануари била застрелана во вратот.
Градоначалничката на Вашингтон Муриел Боусер, која прогласи полициски час од 18:00 часот по локално време, соопшти дека пукањето е под истрага, но не даде повеќе детали.
По скоро четиричасовниот хаос во кој десетици приврзаници на Трамп влегоа во Конгресот, безбедносните власти соопштија дека Капитолот повторно е „безбеден.“