Кина денеска објави дека ќе го прекине увозот на француска живина поради причјиот грип во Франција.
Во соопштението на Царината и на Министерството за земјоделство се вели дека мерката има за цел да ја одбрани бездедноста на земјоделците во земјата и да спречи ширење на епидемијата.
Во соопштението се наведува дека се прекинува увозот на живина и производи од живина, како паштета од гуска.
Со ваквата објава официјално се прекинува увозот во Кина од ноември, кога вирусот на птичји грип се појави на француско тло.
Стотици илјади одгледувани животни веќе се уништени превентивно.
Кина не е голем увозник на француска живина, таа главно увезува пилешко месо и паштета во многу помал обем од свинското месо.
Соопштението од Пекинг доаѓа еден ден по телефонскиот разговор помеѓу францускиот министер за економија Бруно Ле Маир и кинескиот вицепремиер Ху Чунху.
Според француското министерство, двајцата официјални претставници се согласиле да ја забрзаат соработката во областа на земјоделството, особено за клучното прашање за зоните околу кои треба да се постигне договор во следните недели.
Париз се надева дека Пекинг ќе го прфати пристапот на зонирање, кој се состои во ограничување на извоз во зони погодени од епидемијата, а не во целата земја.
Преговорите со Кина првично беа за свинско месо и ризикот од пренесување на африкански свински грип, но Париз сака и живината да биде вклучена во преговорите.