Руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ денеска во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми Торлак во Белград, ја примија претседателот на српскиот парламент Ивица Дачиќ, министерот за внатрешни работи Александар Вулин и државниот секретар во Министерството за здравство Мирсад Ѓерлек.
Дачиќ изјави дека тој и министерот Вулин биле вакцинирани за да им дадат пример на другите граѓани.
„Против Ковид можеме да се бориме со вакцини ако тие се ефикасни и безбедни. Сметам дека би било сосема погрешно да се појавуваат теории на заговор што можат лошо да влијаат на јавното здравје“, изјави Дачиќ.
Тој додаде дека вакцинат мора да има две основни својства – да биде ефикасна и безбедна, како што наведе, според заклучоците на Светската здравствена организација и ЕУ.
Според најавите, во Србија оваа недела треба да се дадат 2.400 дози од вакцината „Спутник V“.
На 24 декември се вакцинираа и премиеката Ана Брнабиќ, министерката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и епидемиологот Предраг Кон, кои беа први кои примија вакцината против ковид на компанијата Фајзер.
Тогаш започна вакцинацијата на корисниците на домови за стари лица, а од вчера и на здравствените работници. Планот е да се вакцинираат 11.000 лица до крајот на неделата.