Шкотската премиерка Никола Старџен го предупреди американскиот претседател во заминување Доналд Трамп дека ограничувањата што се на сила во Шкотска, каде што тој има терени за голф, не му дозволуваат да дојде.
Локалниот весник Сандеј Пост објави дека аеродромот Прествик на истокот од Шкотска добил известување за пристигнување на Боинг 757, кој често го користи Трамп, на 19 јануари, ден пред инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден. Весникот додава дека активностите биле интензивирани на тој аеродром и дека наводно биле извршени извиднички мисии на еден од двата терени за голф сопственост на Трамп.
Фаучи и Адамс контра Трамп: Ова се вистински смртни случаи
Од своја страна, Никола Старџен изјави дека не знае какви се плановите за патување на Трамп, надевајќи се дека неговиот план ќе биде да ја напушти Белата куќа во блиска иднина. „Во моментов, не дозволуваме луѓето да доаѓаат во Шкотска, освен за некои неопходни работи“, рече таа и потсети дека Шкотска ги заостри мерките против коронавирусот. „Тоа се однесува и на Трамп, како и на кој било друг. Ние не сметаме дека доаѓањето на теренот за голф е неопходна причина да се дојде", додаде таа. Во САД сè уште се шпекулира за тоа што ќе стори Трамп, кој сè уште одбива да дека изгубил на изборите, на 20 јануари, на денот на инаугурацијата на Бајден.