Минисерот за здравство на Косово Арменд Земај информира дека неговото министерство ги обезбедило првите 500.000 вакцини против Ковид-19 од компанијата „Фајзер“, јави МИА од Приштина.
Преку објава на својата страница на Фејсбук, Земај информира дека потврдата за обезбедувањето на вакцините ја добил од претставник на „Фајзер“ при денешната виртуелна средба со него.
Тој додаде дека, освен овие 500 илјади, Косово преку механизмот Ковакс ќе добие уште 360 илјади бесплатни вакцини за 20 отсто од населението.
"Вакцини ќе се обезбедат за сите групи на населението кое треба да се покрие со вакцинирање според проекциите на Институтот за јавно здравство на Косово. Вакцината против Ковид-19 нашите граѓани ќе ја добијат бесплатно", информира Земај, без да наведе кога се очекува да започне вакцинирањето.