Градоначалникот на Вашингтон ја мобилизира Националната гарда пред планираните протести на приврзаниците на претседателот Доналд Трамп за очекуваното гласање во Конгресот со кое ќе се потврдуи победата на избраниот претседател Џо Бајден. Поддржувачите на Трамп планираат да се соберат во главниот град на САД на 5 и 6 јануари за поддршка на непоткрепените тврдења на Трамп за широка измама на изборите. Повеќе од 300 војници на Националната гарда ќе бидат подготвени да обезбедат контрола врз толпата и да им помагаат на противпожарните и спасувачките служби, се вели во соопштението на Националната гарда.
Кој ќе ја добие контролата врз американскиот Сенат?
Протестите се совпаѓаат со гласањето на Конгресот, закажано за 6 јануари, што се очекува да ги потврди резултатите на Изборниот колеџ од изборите на 3 ноември. Трамп продолжува да го оспорува исходот, што Изборниот колеџ го ратификуваше во минатиот месец како победа на Бајден од 306-232. Конгресот има уставно мандат да ги брои и да ги потврди резултатите од претседателските избори во она што вообичаено би било формалност. Но, најмалку 12 републикански сенатори и околу 140 членови на републиканскиот Претставнички дом најавија дека ќе гласаат против сертификацијата, повикувајќи се на наводите за изборна измама на Трамп.