Британија влезе во својата трета национална блокада за да го контролира ширењето на коронавирусот. Британскиот премиер Борис Џонсон објави дека таа стапи на сила на полноќ и ќе трае најмалку до средината на февруари.
Училиштата и колеџите и несуштинските продавници и услуги како фризери се затворени, додека рестораните можат да работат само на издавање на храна и пијалаци. „Додека ви зборувам, нашите болници се под поголем притисок од ковиуд-19 отколку во кое било време од почетокот на пандемијата“, рече Џонсон во телевизиското обраќање до нацијата.
Турција забранува влез на патници од Британија поради новиот вид на коронавирус
До ова дојде и покрај строгите ограничувања спроведени пред Божиќните и Новогодишните празници и додека земјата се бори со нов, полесно пренослив вид на коронавирус познат како Б.1.1.7, кој се шири низ југоисточна Англија. Британија во текот на изминатите шест дена бележи повеќе од 50.000 нови инфекции со коронавирус на ден, а вкупниот број на смртни случаи се искачи на над 75.000.