Фаучи и Адамс контра Трамп: Ова се вистински смртни случаи

Архивска фотографија - Доналд Трамп и Ентони Фаучи

Врвните американски здравствени власти го отфрлија тврдењето на претседателот Доналд Трамп дека е претеран бројот на луѓе кои починале од КОВИД-19 во САД.

Трамп на Твитер на 3 јануари напиша дека Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) користи „смешен метод на определување во споредба со другите земји, од кои многумина известуваат, намерно, многу неточно и ниско“. Трамп го изнесе тврдењето без да понуди докази и имплицирал дека кога здравствените власти се сомневаат во причината за смртта, тие му го припишуваат на КОВИД-19.

Шшефот на американската здравствена служба и хирус, Џером Адамс, за Си-Ен-Ен изјави дека не гледа причина да ги доведува во прашање броевите од ЦДЦ, додека д-р Ентони Фаучи, врвниот американски експерт за инфективни болести, изјави за Еј-Би-Си дека „тоа се вистински бројки, вистински луѓе и вистински смртни случаи“.

Фаучи ја бранеше и кампањата на САД за вакцинирање милиони Американци. Досега околу 4,2 милиони луѓе примиле почетни дози на вакцини со две дози направени од Фајзер/Бионтек или Модерна. Но, тоа е далеку под официјалните предвидувања за 20 милиони до новата година. Повеќе од 13 милиони дози на вакцини се дистрибуирани на национално ниво, но напорите за вакцинирање на здравствените работници и ранливите луѓе се попречени од логистичките проблеми и пренапорните болници.