Од самиот старт на откупот, ние сфативме дека ова е игра. Значи, се земаат квалитетени тутуни во пониски класи, одбитоци од огромни 10 проценти, динамиката е слаба на откуп…ланската година се откупуваа по 1.200.000 кг на ден, а сега по некои 400-500 тони на ден, изјави денеска Игор Мирчески, од Иницијативниот одбор на незадоволните тутунари кои денеска излегоа на протест пред Владата поради, како што велат, неправедниот откуп на тутунот во Македонија.
„Затоа ние одлучивме – протест пред Владата за конечно да каже премиерот дали има решение за нашите проблеми или нема“, рече на протестот Мирчески и додаде дека, како што вели, имале „уцени и невидени притисоци за да се откажат од денешниот протест“, но дека нема да потклекнат.
Македонските тутунари обвинуваат дека досега не влегле во ниту еден пакет-мерки на Владата, заради што бараат барем зголемување на субвенциите.