Објавени фирмите кои земале субвенции, а не дале ноемвриска плата

Илустрација

Владата денеска ја објави ажурираната анализа на неисплатена државна помош за ноември за минимална плата од стана на работодавачите. Според листата, од компаниите кои не исплатиле плати во ноември, 43 се од дејноста трговија на мало кои не им исплатиле плата на 84 вработени, 37 фирми за подготвување оброци и служење храна и не им исплатиле на 108 вработени, а 22 фирми се од транспортот кои не исплатиле плати на 127 работници. Најмногу од фирмите се од Скопје 73, од Тетово 22 и од Гостивар 10.

Пред неколку дена, директорката на Управата ја јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, најави дека за една недела ќе им бидат блокирани сметките на фирмите кои до сега не ја исплатиле платата на своите вработени, а примиле државна помош, а од Сојузот на синдикати на Македонија и денеска побараа субвенциите за плати да одат директно на сметките на работниците за да нема злоупотреби, а прекршителите законски да одговараат.