Убиени најмалку 70 луѓе во напади во Нигер

Војници во Нигер.

Најмалку 70 луѓе се убиени во Нигер, откако исламистички милитанти нападнале две села во близина на границата со Мали, соопшти министерот за внатрешни работи ан Нигер, Алкаче Алхада. Засега ниту една група не презеде одговорност за нападите.

Безбедносни извори во западноафриканската земја за Ројтерс изјавија дека бројот на жртвите може да биде и поголем.

Милитанти кои се поврзуваат со Ал Каеда и групата Исламска држава со години го дестабилизираа регионот Сахел, поделен меѓу Нигер, Буркина Фасо, Чад, Мали и Мавританија.

Конфликтот доведе до раселување на стотици илјади луѓе, убиени се илјадници, а создаде и хуманитарна криза. Поради нестабилноста на регионот, тој е претворен и во центар за трговија со луѓе, кои се обидуваат да стигнат до Европа.

Покрај мисијата на ОН во Мали(МИНУСМА), и Франција и САД ги поддржаа антитерористичките напори низ целиот регион.