Рано утринава е изгаснат пожарот, кој избувна синоќа по 23 часот во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица.
Во пожарот се изгорени повеќе од десет продавници, внатрешниот дел каде е сместен пазарот и тезгите, во најголем дел е изгорен, зафатен е супермаркет во внатрешноста, а пламените јазици зафатиле и делови до третиот кат од трговскиот центар, јави дописникот на МИА.
Во гаснење на пожарот, освен струмичката противпожарна едница, учествувале и противпожарни екипи од околните градови и возила на ЈПКД „Комуналец“.
Засега не се знаат причините за пожарот.