Вучиќ го отвори гасоводот „Турски тек“

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово го отвори новиот гасовод кој низ Србија поминува од бугарската до унгарската граница.

„Ова за нас е голема и важна работа. Досега грешевме што скапо наплаќавме приклучок па луѓето користеа цврсти горива наместо гас кој е почист“ изјави Вучиќ и додаде дека гасот со секундарна мрежа треба да стигне до многу места ширум Србија.

Како што известувааат српските медиуми набавната цена на гасот преку овој гасовод е до 155 долари, со многу пониски трошоци за транспорт отколку преку другиот гасовод преку кој досега се снабдуваат.

Гасоводот „Турски поток“, чиј дел е магистралниот гасовод преку Србија, е проект на рускиот „Газпром“ и турскиот „Боташ“, кој би требало да овозможи стабилно снабдување со гас на Турција, јужна и југоисточна Европа, а долг е вкупно 930 километри, со капацитет од 31,5 милијарди кубни метри гас годишно.

Русија ја започна испораката на гас преку Турскиот тек

Во претходната изјава за медиумите, претседателот на Србија објави дека, по пуштањето во употреба на „Турски поток“, останува да се работи на секундарна гасификација, односно да се носи гас до Врање во јужна Србија, Ваљево во централниот и западниот дел и до местата на исток и југо-запад.