Во изминатово деноноќие во земјава се регисттрирани нови 536 случаи на заболени од коронавирусот од вкупно 1662 направени тестови. Бројот на починати од компликации од ковид-19 во изминативе 24 часа изнесува 15 од кои 6 се од Скопје. Најмладиот починат имал 64 годиини додека најстариот имал 84 годиини. Од министерството за здравство соопштија дека бројот на оздравени во изминативе 24 изнесува 741.
Најголем број од новозаразените со ковид 19 се евидентирани во Скопје - 213, зад кое следи Прилеп со 37, па Тетово со 30, Битола со 29, Кавадарци и Струга со 23.
Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83.329, бројот на оздравени пациенти е 61.447, на починати е 2.503, а бројот на активни случаи изнесува 19.379.